Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.45.0-wmf.8
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Моето учество во револуционерните борби на Македонија/Поглавје XXXVI
0
9772
21366
2025-07-06T17:36:52Z
Gurther
3208
Создадена страница со: {{Заглавје|претходна=[[Моето учество во револуционерните борби на Македонија/Поглавје XXXV|Поглавје XXXV]]|заглавје=Социјалистички печат во Македонија во 1910 година — Прв конгрес на балканските социјалисти во Солун — Нашето становиште — Влошување на...
21366
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје|претходна=[[Моето учество во револуционерните борби на Македонија/Поглавје XXXV|Поглавје XXXV]]|заглавје=Социјалистички печат во Македонија во 1910 година — Прв конгрес на балканските социјалисти во Солун — Нашето становиште — Влошување на општата политичка ситуација пред Балканската војна|автор=Алексо Мартулков|следна=[[Моето учество во револуционерните борби на Македонија/Поглавје XXXVII|Поглавје XXXVII]]|текст=
По гореопишаните настани во редовите на нашето социјалистичко движење стана едно решително и расчистување на колебливите и опортунистичките елементи. Од оваа чистка беше засегнат и Јордан Шурков и ние веќе почнавме една тесна социјалистичка дејност, одбегнувајќи поширока соработка со федератистите.
Во Скопје отпочна осетно да се засилува и закрепува нашето социјалистичко движење. Во 1910 година почна издавањето на весник ''„Социјалистичка зора“'', како орган на скопската организација. Пишуван беше на српски јазик и прилично издржан во марксистички поглед.
Во Солун беше создадена социјалистичка организација и смесен синдикат. Тие издаваа свој печатен орган весникот ''„Работничка искра“''. Во весников преовладуваше влијанието на тесните социјалисти од Бугарија. Како најактивен и со раководна улога беше нашиот другар Васил Главинов. Во групата и синдикатот преовладуваа печатарските работници, дојдени од Бугарија во Солун по превратот во 1908 година. Тие не можеа да се согласуваат со социјалистичката федерација, исто така создадена по превратот од местен македонски и еврејски елемент. Најактивниот раководител во неа беше Аврам Бенарој, исто дојден од Бугарија. Тој беше доста издигнат и со висока марксистичка култура и изигра голема градбена улога во комунистичкото движење во Грција. Односите меѓу двете социјалистички организации беа крајно изострени до Првиот конгрес на социјалистите во 1910 година во крајот на месец декември.
Издаваните весници во Скопје и Солун ''„Социјалистичка зора“'' и ''„Работничка искра“'' најдуваа доста добар пласман во нашиот град. Ние велешаните бевме редовни нивни читатели и исто така бевме најредовните плаќачи, не останувајќи должни — својство кое ретко се наоѓаше сред другите организации по тоа време. Исто така испраќавме помош за издавањето на овие весници до колку ни дозволувале силите. До колку може да се каже за некаква согласувана и организирана дејност меѓу социјалистичките организации кај нас, таа се изразуваше преку печатот и писма по некои прашања. Меѓутоа, полна идејна опшност недостануваше. Поради тоа другарите од Солун ја зедоа иницијативата за свикувањето на конгресот.
Конгресот беше свикан во Солун и заседаваше во 1910 година на 25, 26 и 27 декември. Од Велес за делегат бев избран јас. Кога патував од Велес за Солун, истиот ден патуваа и другарите делегати од Скопје, придружувани од членот на ЦК на Српската социјал-демократска партија Аца Павловиќ, кој идеше како гостин и посматрач на конгресот. Од Скопје за делегати беа: Милан Цоков, Душан Цекиќ, Стојан Дивлев, Петар Ѓорѓиев и Милан Марковиќ, како делегат од Тетово. Уште по пат ние се разбравме и бевме на една мисла по идејниот облик и организација, на нашето движење. Таа беше различна од онаа што ја подржуваа другарите од Солун.
При нашето пристигање во Солун на пат за на хотел веќе се беше стемнило. По улиците имаше големо движење и јас на другарот Цекиќ, со кого одевме еден до друг, му реков: ''„Другар Цекиќ, народов што се движи по улициве на Солун со илјадници, не го забележува нашево пристигање и нема абер оти ние ќе вршиме работа овде од големо историско значење за целиот свет. Ние ќе ги поставиме темелите и ќе изградиме социјалдемократска партија која ќе игра голема политичка улога во иднина, зашто оваа незабележива групичка има таква колосална амбиција. што не се базира на апстрактна фантазија, ами на чисто научна и реална подлога. Нашево дело еден ден ќе има владеечка положба како во Турција, така и на Балканов, а и понатака.“'' Овој, се разбира, наполно ја споделуваше мојава мисла и претскажување на иднината. Сега, кога ги пишувам овие редови, би сакал да е жив мојов скап другар Цекиќ, да види дека во еден дел од Балканов се гради социјализам.
На 25 декември се отвори конгресот во кафеаната ''„Илинден“''.<ref>Грешка од авторот, морало да пишува „Илд‘з“</ref> Имаше делегати од Солун, Скопје, Велес, Тетово и еден делегат од Цариград, Грк, емигрант од Бургас, Бугарија. Конгресот беше отворен од другарот Васила Главинов. За претседателствување на конгресот се усвои да бидат избрани за претседатели по ред за секое заседание другари поистакнати во нашето движење. На првото заседание претседаваше другарот Васил Главинов. Уште во почетокот на првото заседание се распалија остри дискусии при проверката на делегатите и нивните полномоштија. На конгресот беше дошла една делегација избрана од Социјалистичката федерација во Солун на чело со другарот Аврам Бенарој.
Солунските другари на чело со др. Васила Главинов беа против примањето на споменативе делегати од Социјалистичката федерација, мотивирајќи го ова становиште со тоа дека Социјалистичката федерација е опортунистичка и соработка и општо дело е невозможно со неа. Тие го подржуваа гледиштето дека социјалистичкото движење треба да биде чисто од секакви настранчиви елементи и во неговите редови ќе бидат примани за членови само оние што имаат стаж на нашите просветни групи и од синдикатите, создадени од нас т. е. по „тесното мовче“ — рецептата на дедото Благоев при изградувањето на тесниот соци јализам во Бугарија. Се разбира, наедно со дискусииве во партиското движење се заврзаа и дискусии за синдикалното движење. Тие подржуваа дека синдикалното движење треба да биде создадено пак како и партиското по „тесното мовче“ и за членови по синдикатите да бидат примани и трпени оние што примаат да бидат синдикатите поставени на револуционерна база под контролата и раководството на партијата. А делегатите на Социјалистичката федерација се работници од работничките синдикати кои се „жолти“ и поставени се на базата на заемно помагање, а не на класна база за борба со капиталистите за заштита на нивните интереси, се разбира, по силата на примениот од нив устав при нивното изградување. Одлично! Ние не го оспоруваме по принцип нивното становиште во однос на партиското и синдикалното движење, зашто и ние бевме задоени од ортодоксалните идеи на марксизмот и го мразевме опортунизмот како ѓаволот темјанот, но можеше ли по шаблон да се изградуваат тие како во Бугарија? Таму социјалистичкото движење уште при неговото зародување не беше поставено на оние основи како што се подржуваше од тесните социјалисти. Беше потребен еден долг период, на борби меѓу „сојузисти“ и „партисти“ т. е. меѓу широки и тесни, социјалисти, за да можеше да се очисти и изгради тогашната моќна Социјал-демократска партија — „тесни социјалисти“.
Кај нас социјалистичкото движење беше уште во своето зародување и покрај тоа не го гледавме влијанието на широкиот социјализам сред него, зашто ако го имаше, тоа ќе се спроведуваше преку негови дејатели — партијци, а нив ги немаше меѓу нас. A ако некој се обидеше да дојде меѓу нас, вратите му беа затворени. Што се однесува до другарот Бенарој, ние не гледавме во неговото лице опасен опортунист, кој ќе го изродеше нашето движење. Напротив, тој беше добар марксист и беше најарно изградениот и теориски издигнат другар тука меѓу нас. И навистина, сите резолуции на конгресот по партиското и синдикалното движење беа негова работа,
Во Социјалистичката федерација составот беше чисто работнички и во неа се наоѓаше работничка интелигенција, излезена од нашето прогресивно македонско национал-револуционерно движење. Што се однесува до синдикалното движење, ние не можевме да одиме по патот на другарите од Бугарија. Таму имаше социјалистичко организационо движење пред да има такво синдикално и социјалистите им беа акушерки на синдикатите, зашто тие ги создадоа. Овде, движење, синдикати, напротив, имаше синдикално пред социјалистичкото. Спрема тоа, ние не можевме да имаме негативен однос кон нив и да создаваме нови синдикати противни на тие што постојат.
Тврдењето дека синдикатите биле „жолти“ и биле на заемноспомагателна база а не на борбена и револуционерна не издржува критика. Кога се создавале тие во мрачното минато на апсолутистичкиот режим на турските калифи и збор не можеше да станува оти тие можеле да бидат поставени на револуционерна база, освен на која биле поставени. Но сега другарите делегати од Социјалистичката федерација, кои беа видни функционери во синдикатите, не оспоруваа дека тие требаше да се постават на борбена револуционерна база и нивните статути основно да се изменат. Идејната близост и единство со партијата не ги оспоруваа; дури го примаа и нејзиното раководство. Но за да се постигне тоа, требаше да се работи внатре во синдикатите, а не да се бега од нив.
''„Елате, другари, сред нас!'' — се обраќаа тие кон солунските другари — ''вратите ни се отворени. Вие ќе ни бидете учители во иднина при нашите тешки борби за да го изградиме синдикалното движење така како што треба да постои“.'' — Во Бугарија двете сoцијал-демократски партии со своите помошни организации и синдикатите не го имаа оној број на членство, што го имаа синдикатите кај нас: Солун, Драма, Кавала, Ксанти и други градови во Европска Турција. Тие во тоа време имаа импозантно членство, околу триесет и шест илјади членови, а ние со нашите „џуџиња“ синдикати од по неколку десетици ќе ја водиме борбата на работничката класа во заштита на нејзините интереси! Со право јас изјавив по време на дискусиите: ''„Муамед рекол дека ако
планината не иде кон нас, а ние ќе одиме кон неа. Е па, другари, „жолтите" синдикати се планината и ние ќе одиме кај нив."''
По гореспоменатите дискусии победи становиштето на скопјани и велешани, а исто така и членот на ЦК на Српската социјал-демократска партија др. Аца Павловиќ го споделуваше нашево становиште. Тоа се наложи и делегатите на Социјалистичката федерација беа примени.
Тие „жолти“ синдикати, чие што постоење непрестано продолжува и до денеска, беа главната крепост на комунистичкото движење во Грција и неправедно ќе биде да не му се признае големата улога во нив на другарот Аврама Бенарој, напаѓан тогаш како „опортунист“.
Резолуциите, како и записките конгресот по работата на конгресот се од големо историско значење. Но настаните во периодот непосредно пред и по војните попречија да бидат зачувани и ако се наоѓа кај некој другар нешто од нив, добро би било да ги предаде за да бидат исползувани при пишувањето на историјата на социјализмот и работничкото движење во Македонија. Тие се многу важни.<ref>Забелешка од Mартулков: ''„Напамет јас не можам да го дадам она што е неопходно за историјата. За неа се неопходни писмени документи. Изнесени факти во спомени на одделни другари не се од сериозен научен карактер. Тие имаат релативна вредност, зашто колку и да е праведен човек, може и ангел да е, сепак возможна тенденциозност, за да се оправдаат и лични прегрешувања или дејствија. Права е турската пословица: „Лав торбаја пирмес-сенет торбаја гидер". — Зборот не влага во торбата ами писмениот документ влага во торбата.“''</ref>
Последното заседание беше во Еврејскиот работнички клуб и беше претседателствувано од Васила Главинов, кој го кажа последниот збор при затворањето на конгресот.
Настануваше во Турција едно сериозно влошување на положбата од бурата која наближуваше веќе како последица од активизирањето на балканските империјалисти, кои јавно веќе се готвеа за склучување на сојуз за војна против Турција. Балканските социјалисти не беа на своето место да истапат со решителна дејност против неа. Може да се одбележи само свиканата конференција на балканските социјал-демократски партии во Белград, на која се прими резолуција за Балканската федерација, која си остана историски писмен документ, без да ѝ се даде живот со соодветната решителна дејност за нејзиното реализирање. Македонците социјалисти бевме претставени на неа со делегати од скопската социјал-демократска организација.<ref>Забелешка од Мартулков: ''„Душан Цекиќ, Михаил (Миле) Цоков и Стојан Дилев.“''</ref>
Пред конференцијата другарот Васил Главинов доаѓал во Скопје и скопските другари му свикале собрание на кое говорел тој и кажал нешто за споменатава федерација. Толку! Тој си заминал веќе за Софија. Тој си остана во Софија и не се јави веќе во Македонија. И другите другари од Бугарија, настанети во Солун на работа, по превратот си отидоа.
Уште во 1909 година, летото, по иницијативата на нашата социјалистичка организација во Велес, беше свикано големо јавно собрание во „Хуриет бахчеси“, на кое се беше стекол голем дел од граѓанството без разлика на народност, со цел на ова собрание да се говори за Балканската федерација. За говорник од нас беше определен другарот Иван Елезов. Тој доста аргументирано ја докажа неопходноста за обединувањето на балканските држави со создавањето на Балканска федерација, особено сега кога на нашиот политички небосклон се натрупаа тешки облаци што навестуваат бура, нарушување на мирот и настаните ги водеа кон војна, со последици гибелни за балканските народи. Немаше друго поефикасно средство од федерацијата за да се зачувуваат интересите на балканските народи и нивната независност.
По рефератот на другарот Елезов беа развиени големи дискусии. Се искажаа и некои од итихатчиите. Особено беше интересен со своите ставови нивниот истакнат водач во Велес Али Ефенди - Попето. Тој инсистираше на мислата дека сигурноста на отоманската држава била во создавањето на милион и пол армија, добро вооружена со најусовршени модерни оружја. Ние можевме да сметаме само на нашите сили за нашето постоење. Се разбира, ние му дадовме достоен одговор: и дека неговиот милион и пол штикови се крајно сомнителна сила и оти не ќе може да се снајдат со многубројните наши непријатели. Но можеше ли да се сака поголема трезвеност и предвидливост од ограничените и шовинистичките младотурски кругови? Само еден Турчин, Нијад-бег, човек со либерални идеи од итихатчиските кругови, ги споделуваше нашите идеи.
Скопските другари доста замреа и одвај можеа да се забележат во својата дејност, особено во 1912 година кога наближуваше војната. Во тие судбоносни моменти ние се покажавме неспособни за решителна дејност: не можевме да направиме нешто барем во кругот на нашите возможности за предодвратувањето на катастрофата. Тоа беше природна последица од неразбирање и потценување на македонскиот проблем. Во тој однос социјалистите речиси ништо не работеа во Скопје и Солун. За нив, македонското прашање и нашето национално опстанување не постоеше и кога ние во Велес му оддававме големо значење и работевме со нашите прогресивни национал-револуционерни дејци за избегнување на опасностите што нѐ застрашуваа, бевме сметани за опортунисти и не знам какви уште епитети ни закачуваа. Тие се покажаа неспособни за некаква дејност и през самата војна, барем да настојуваа да се ублажат последиците од неа за нашето национално постоење.
== Забелешки ==
{{reflist}}
}}
t203m12ckbw62qkuvt0ndblttemji6e
21367
21366
2025-07-06T17:37:02Z
Gurther
3208
added [[Category:Моето учество во револуционерните борби на Македонија]] using [[Help:Gadget-HotCat|HotCat]]

[[Категорија:Моето учество во револуционерните борби на Македонија]]
4t96utlck948ux6960gnw1dybog1n6w