Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.46.0-wmf.23
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Закон за употреба на македонскиот јазик
0
10207
22335
2026-04-11T14:29:40Z
Pta345MK
2736
Создадена страница со: {{Декларација | држава = Република Северна Македонија | назив = Закон за употреба на македонскиот јазик | грб = Coat of arms of North Macedonia.svg | година = {{w|2024}} | слвесник = 21/2024 | кратенка = РСМ | врска = https://slvesnik.com.mk/Issues/58150cb9acef4a5d9ee27e63aaf3e5b6.pdf | изгласана = {{w|26 јануари...
22335
wikitext
text/x-wiki
{{Декларација
| држава = Република Северна Македонија
| назив = Закон за употреба на македонскиот јазик
| грб = Coat of arms of North Macedonia.svg
| година = {{w|2024}}
| слвесник = 21/2024
| кратенка = РСМ
| врска = https://slvesnik.com.mk/Issues/58150cb9acef4a5d9ee27e63aaf3e5b6.pdf
| изгласана = {{w|26 јануари}} {{w|2024}}
| објавена = {{w|29 јануари}} {{w|2024}}
| орган = Собрание на Македонија
| пречистен текст =
| статус = да
}}
{{Член|1}}
(1) Со овој закон се уредуваат употребата на македонскиот јазик, утврден со Уставот на Република Северна Македонија како службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи, основањето на Советот за македонски јазик и неговите надлежности, условите и постапката за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца, основањето на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик и неговите надлежности, надзорот над спроведувањето на овој закон и други прашања од значење за употребата на македонскиот јазик.
(2) Употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Северна Македонија.
(3) Употребата на македонскиот јазик како службен јазик во меѓународните односи е право и должност на
секој претставник на државната и на локалната власт.
(4) Македонскиот јазик е нематеријално културно наследство на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Републиката), во согласност со закон.
Член 2
(1) Македонски јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско
писмо.
(2) Употребата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, во смисла на овој закон, ги опфаќа неговата примена, заштита, унапредување и збогатување.
Член 3
(1) Со овој закон не се ограничуваат правото на слободно творештво и развивањето на јазичниот и на културниот идентитет на граѓаните коишто припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Републиката.
(2) Со овој закон не се ограничува употребата на слободен говор (дијалектен јазик, разговорен јазик и слично) во уметничкото творештво од сите видови.
Член 4
(1) Примената, заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот стандарден јазик и неговото
кирилско писмо опфаќаат, особено:
1. правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во процесот на воспитанието и во сите степени на образованието;
2. правилна употреба и правилен изговор на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во средствата за масовна комуникација, особено преку медиумите регистрирани во Републиката, во согласност со закон;
3. зголемена општествена и индивидуална грижа за правилната употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во јавната и во службената комуникација во Републиката;
4. избегнување странски изрази и заемки и нивно заменување со соодветни поими од македонската лексика и фразеологија;
5. поддршка на изучувањето на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во странски образовни институции, во сите степени во образовани ето, преку отворање лекторати за македонски јазик во странство, како и поддршка на работата на постојните лекторати во странство;
6. задолжително изучување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во сите степени во образованието во Републиката и надвор од неа;
7. правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во законодавната, во судската и во извршната власт, како и во правните лица основани со Устав и со закон во меѓусебната комуникација;
8. стимулирање и поддршка на програми и содржини на медиумите, регистрирани во Републиката, за употребата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и изработка и превод на интерфејси на македонски јазик за компјутерски програми;
9. стипендирање студенти за изучување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо;
10. создавање подмладок за научно истражување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
11. доделување државни награди и признанија од областа на проучувањето и афирмацијата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во Републиката и во странство;
12. поддршка за учење на македонскиот стандарден јазик за странски студенти кои македонскиот јазик го изучуваат како странски јазик, во и надвор од Републиката;
13. изучување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во културно-информативните центри во странство;
14. укажување и отстранување на јазичните недоследности и неправилности во употребата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо;
15. континуирани обуки за правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо за вработените во: културните, воспитните, образовните, научните и стручните установи и институции, државната и јавната администрација, судовите и во медиумите регистрирани во Републиката;
16. организирање курсеви, семинари, советувања и други слични активности за правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во Републиката и во странство;
17. издавање публикации и учебници на македонски стандарден јазик во Републиката и во странство и
18. издвојување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за научно-истражувачки проекти од областа на македонскиот јазик.
n1cuyxwnaqdkivdgg3ap5xkcuaa40ma