Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.46.0-wmf.26
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Устав на Република Северна Македонија (Пречистен текст)
0
7669
22343
22341
2026-04-30T08:41:15Z
~2026-23355-55
3995
22343
wikitext
text/x-wiki
{{Закон/пречистен
| држава = Република Северна Македонија
| назив = Устав на Република Северна Македонија
| грб = Coat of arms of North Macedonia.svg
| изворен = [[Устав на Република Македонија]]
| ам1 = 52/91
| амв1 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/19D704B29EC040A1968D7996AA0F1A56.pdf
| крат1 = РМ
| ам2 = 1/92
| амв2 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/98CDA7C67EDE420ABF00D5A2E42EECD4.pdf
| крат2 = РМ
| ам3 = 31/98
| амв3 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/5A5AFC3C14D749518E0C81BB6A930D37.pdf
| крат3 = РМ
| ам4 = 91/01
| амв4 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/4565B8A8CCA245AC99E52A0EE60B3FCD.pdf
| крат4 = РМ
| ам5 = 84/03
| амв5 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/472A2EE4E20F2A47B337802CC8EFD4EB.pdf
| крат5 = РМ
| ам6 = 107/05
| амв6 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/8B3E1432BAD3E94093DF8D80D5959D92.pdf
| крат6 = РМ
| ам7 = 3/09
| амв7 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/5AB84E6DEF83584C847BD8AACF735678.pdf
| крат7 = РМ
| ам8 = 49/11
| амв8 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/D51AC5D691C31243B94EFFEBBDA61E05.pdf
| крат8 = РМ
| ам9 = 6/19
| амв9 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/46e75d0202104cb8ba5b2786583518bb.pdf
| крат9 = РМ
| ам10 = 36/19
| амв10 = https://www.slvesnik.com.mk/Issues/348ba55dfcb3468aac190fa75e2918e0.pdf
| крат10 = РМ
| статус = да
| верзија = неофицијален
| извор =
| врска =
| сродни = [[Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1991) (Пречистен текст)]]

{{ред}}Неофицијалниот пречистен текст на Уставот на Република Северна Македонија ги опфаќа: Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991), Амандманите I и II на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 1/1992), Амандманот III на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 31/1998), Амандманите IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2001), Амандманот XIX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 84/2003), Амандманите XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX и XXX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 107/2005), Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 3/2009), Исправката на Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија,(„Службен весник на Република Македонија“ број 13/2009), Амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 49/2011), Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019) и Објавата („Службен весник на Република Македонија“ број 36/2019), во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена.
==Устав на Република Северна Македонија==

{{ред}}Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Северна Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој
'''УСТАВ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА'''
===I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ===
{{Член|1}}
{{ред}}Република Северна Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
{{ред}}Суверенитетот на Република Северна Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
{{Член|2}}
{{ред}}Во Република Северна Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
{{ред}}Граѓаните на Република Северна Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
{{Член|3}}
{{ред}}Територијата на Република Северна Македонија е неделива и неотуѓива.
{{ред}}Постојната граница на Република Северна Македонија е неповредлива.
{{ред}}Границата на Република Северна Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.
{{ред}}Република Северна Македонија нема територијални претензии кон соседните држави..
{{ред}}Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
{{Член|4}}
{{ред}}Граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија.
{{ред}}На државјанин на Република Северна Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту може да биде протеран од Република Северна Македонија. Државјанин на Република Северна Македонија не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука на суд.
{{ред}}Државјанството на Република Северна Македонија се уредува со закон.
{{Член|5}}
{{ред}}Државни симболи на Република Северна Македонија се: грб, знаме и химна.
{{ред}}Грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|6}}
{{ред}}Главен град на Република Северна Македонија е Скопје.
{{Член|7}}
{{ред}}На целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
{{ред}}Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.
{{ред}}Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.
{{ред}}Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.
{{ред}}Во органите на државната власт во Република Северна Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.
{{ред}}Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.
{{Член|8}}
{{ред}}Темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија се:
{{ред}}- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
{{ред}}- слободното изразување на националната припадност; соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа;
{{ред}}- владеењето на правото;
{{ред}}- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
{{ред}}- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
{{ред}}- правната заштита на сопственоста;
{{ред}}- слободата на пазарот и претприемништвото;
{{ред}}- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
{{ред}}- локалната самоуправа;
{{ред}}- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
{{ред}}- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
{{ред}}Во Република Северна Македонија слободно е сè што со Уставот и закон не е забрането.
===II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ===
====1. Граѓански и политички слободи и права====
{{Член|9}}
{{ред}}Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
{{ред}}Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
{{Член|10}}
{{ред}}Животот на човекот е неприкосновен.
{{ред}}Во Република Северна Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.
{{Член|11}}
{{ред}}Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.
{{ред}}Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.
{{ред}}Се забранува присилна работа.
{{Член|12}}
{{ред}}Слободата на човекот е неприкосновена.
{{ред}}Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.
{{ред}}Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
{{ред}}Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.
{{ред}}Притворот до подигнување на обвинението, по одлука на суд, може да трае најдолго 180 дена од денот на притворувањето.
{{ред}}По подигнување на обвинението, притворот го продолжува или го определува надлежниот суд во случај и во постапка утврдени со закон.
{{ред}}Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од слобода.
{{Член|13}}
{{ред}}Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
{{ред}}Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
{{ред}}За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања.
{{ред}}Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон.
{{Член|14}}
{{ред}}Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
{{ред}}Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.
{{Член|15}}
{{ред}}Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.
{{ред}}Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.
{{Член|16}}
{{ред}}Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
{{ред}}Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
{{ред}}Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
{{ред}}Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
{{ред}}Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
{{ред}}Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
{{ред}}Цензурата е забранета.
{{Член|17}}
{{ред}}Се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација.
{{ред}}Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката.
{{ред}}Законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|18}}
{{ред}}Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.
{{ред}}На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.
{{Член|19}}
{{ред}}Се гарантира слободата на вероисповеста.
{{ред}}Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.
{{ред}}Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.
{{ред}}Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.
{{Член|20}}
{{ред}}На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.
{{ред}}Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.
{{ред}}Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.
{{ред}}Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Северна Македонија.
{{Член|21}}
{{ред}}Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.
{{ред}}Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.
{{Член|22}}
{{ред}}Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
{{ред}}Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.
{{ред}}Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.
{{Член|23}}
{{ред}}Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.
{{Член|24}}
{{ред}}Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.
{{ред}}Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.
{{Член|25}}
{{ред}}На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.
{{Член|26}}
{{ред}}Се гарантира неповредливоста на домот.
{{ред}}Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.
{{Член|27}}
{{ред}}Секој граѓанин на Република Северна Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.
{{ред}}Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.
{{ред}}Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.
{{Член|28}}
{{ред}}Одбраната на Република Северна Македонија е право и должност на секој граѓанин.
{{ред}}Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.
{{Член|29}}
{{ред}}Странците во Република Северна Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори.
{{ред}}Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување.
{{ред}}Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван меѓународен договор и врз начелото на реципроцитет. Странец не може да биде екстрадиран заради политичко кривично дело. Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела.
====2. Економски, социјални и културни права====
{{Член|30}}
{{ред}}Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.
{{ред}}Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.
{{ред}}Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.
{{ред}}Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.
{{Член|31}}
{{ред}}Странско лице во Република Северна Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.
{{Член|32}}
{{ред}}Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.
{{ред}}Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.
{{ред}}Секој вработен има право на соодветна заработувачка.
{{ред}}Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.
{{ред}}Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
{{Член|33}}
{{ред}}Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
{{Член|34}}
{{ред}}Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.
{{Член|35}}
{{ред}}Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.
{{ред}}Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани.
{{ред}}Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.
{{Член|36}}
{{ред}}Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.
{{ред}}Посебните права се уредуваат со закон.
{{Член|37}}
{{ред}}Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.
{{ред}}Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
{{Член|38}}
{{ред}}Се гарантира правото на штрајк.
{{ред}}Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
{{Член|39}}
{{ред}}На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.
{{ред}}Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
{{Член|40}}
{{ред}}Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.
{{ред}}Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.
{{ред}}Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители.
{{ред}}Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.
{{Член|41}}
{{ред}}Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца.
{{ред}}Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.
{{Член|42}}
{{ред}}Републиката посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.
{{ред}}Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.
{{ред}}Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.
{{ред}}Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.
{{Член|43}}
{{ред}}Секој човек има право на здрава животна средина.
{{ред}}Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
{{ред}}Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.
{{Член|44}}
{{ред}}Секој има право на образование.
{{ред}}Образованието е достапно на секого под еднакви услови.
{{ред}}Основното образование е задолжително и бесплатно.
{{Член|45}}
{{ред}}Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.
{{Член|46}}
{{ред}}На универзитетот му се гарантира автономија.
{{ред}}Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.
{{Член|47}}
{{ред}}Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.
{{ред}}Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид интелектуално творештво.
{{ред}}Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.
{{ред}}Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.
{{ред}}Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.
{{Член|48}}
{{ред}}Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница.
{{ред}}Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.
{{ред}}Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.
{{ред}}Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.
{{Член|49}}
{{ред}}Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.
{{ред}}Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.
{{ред}}Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.
{{ред}}Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
====3. Гаранции на основните слободи и права====
{{Член|50}}
{{ред}}Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Северна Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.
{{ред}}Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.
{{ред}}Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.
{{Член|51}}
{{ред}}Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
{{ред}}Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
{{Член|52}}
{{ред}}Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
{{ред}}Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
{{ред}}Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.
{{ред}}Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.
{{Член|53}}
{{ред}}Адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
{{Член|54}}
{{ред}}Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
{{ред}}Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
{{ред}}Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
{{ред}}Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.
====4. Основи на економските односи====
{{Член|55}}
{{ред}}Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.
{{ред}}Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.
{{ред}}Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.
{{Член|56}}
{{ред}}Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.
{{ред}}Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Северна Македонија и на сите заедници во Северна Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.
{{ред}}Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.
{{Член|57}}
{{ред}}Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој, како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја.
{{Член|58}}
{{ред}}Сопственоста на трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.
{{ред}}Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.
{{Член|59}}
{{ред}}На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.
{{ред}}Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис.
{{Член|60}}
{{ред}}Народната банка на Република Северна Македонија е емисиона банка.
{{ред}}Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.
{{ред}}Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.
===III. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ===
Jovan mitev e najgolem gjuptin
{{ред}}Собранието на Република Северна Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.
{{ред}}Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот.
{{Член|62}}
{{ред}}Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници.
{{ред}}Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
{{ред}}Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување.
{{ред}}Пратеникот не може да биде отповикан.
{{ред}}Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|63}}
{{ред}}Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.
{{ред}}Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
{{ред}}Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.
{{ред}}Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.
{{ред}}Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.
{{ред}}Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.
{{Член|64}}
{{ред}}Пратениците уживаат имунитет.
{{ред}}Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.
{{ред}}Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
{{ред}}Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.
{{ред}}За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.
{{ред}}Пратеникот има право на надомест утврден со закон.
{{Член|65}}
{{ред}}Пратеникот може да поднесе оставка.
{{ред}}Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието.
{{ред}}На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
{{ред}}На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|66}}
{{ред}}Собранието е во постојано заседание.
{{ред}}Собранието работи на седници.
{{ред}}Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Собранието.
{{ред}}Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|67}}
{{ред}}Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и со Деловникот на Собранието.
{{ред}}Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
{{ред}}Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката.
{{Член|68}}
{{ред}}Собранието на Република Северна Македонија:
{{ред}}- го донесува и изменува Уставот;
{{ред}}- донесува закони и дава автентично толкување на законите;
{{ред}}- ги утврдува јавните давачки;
{{ред}}- донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
{{ред}}- донесува просторен план на Републиката;
{{ред}}- ратификува меѓународни договори;
{{ред}}- одлучува за војна и мир;
{{ред}}- донесува одлука за менување на границата на Републиката;
{{ред}}- донесува одлука за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
{{ред}}- распишува референдум;
{{ред}}- одлучува за резервите на Републиката;
{{ред}}- основа совети;
{{ред}}- избира Влада на Република Северна Македонија;
{{ред}}- избира судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;
{{ред}}- врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон;
{{ред}}- врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;
{{ред}}- дава амнестија и
{{ред}}- врши други работи утврдени со Уставот.
{{ред}}Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.
{{Член|69}}
{{ред}}Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.
{{ред}}За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.
{{Член|70}}
{{ред}}Седниците на Собранието се јавни.
{{ред}}Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|71}}
{{ред}}Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на Република Северна Македонија и најмалку 10.000 избирачи.
{{ред}}Иницијатива за донесување на закон до овластените предлагачи може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија.
{{Член|72}}
{{ред}}Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.
{{ред}}Интерпелација можат да поднесат најмалку пет пратеници.
{{ред}}Пратеничко прашање може да постави секој пратеник.
{{ред}}Начинот и постапката на поднесувањето и расправата по интерпелација и пратеничко прашање се уредуваат со Деловникот.
{{Член|73}}
{{ред}}Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.
{{ред}}Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.
{{ред}}Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.
{{Член|74}}
{{ред}}Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.
{{Член|75}}
{{ред}}Законите се прогласуваат со указ.
{{ред}}Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.
{{ред}}Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.
{{ред}}Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|76}}
{{ред}}Собранието основа постојани и повремени работни тела.
{{ред}}Собранието може да основа анкетни комисии за сите области и за секое прашање од јавен интерес.
{{ред}}Предлог за основање анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници.
{{ред}}Собранието основа постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
{{ред}}Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.
{{Член|77}}
{{ред}}Собранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.
{{ред}}Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.
{{ред}}Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.
{{ред}}Условите на избор и разрешување, надлежноста и начинот на работата на народниот правобранител се уредуваат со закон.
{{Член|78}}
{{ред}}Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.
{{ред}}Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.
{{ред}}Собранието ги избира членовите на Комитетот.
{{ред}}Комитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислења и предлози за нивно решавање.
{{ред}}Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.
{{ред}}Во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието, утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите, за тоа дали ќе се спроведе постапката.
====2. Претседател на Република Северна Македонија ====
{{Член|79}}
{{ред}}Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката.
{{ред}}Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија.
{{ред}}Претседателот на Републиката своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.
{{Член|80}}
{{ред}}Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.
{{ред}}За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.
{{ред}}Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.
{{ред}}За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот.
{{ред}}За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.
{{Член|81}}
{{ред}}Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.
{{ред}}За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.
{{ред}}Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
{{ред}}Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.
{{ред}}За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.
{{ред}}Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
{{ред}}Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
{{ред}}Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.
{{ред}}Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.
{{Член|82}}
{{ред}}Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.
{{ред}}Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Северна Македонија по службена должност.
{{ред}}Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.
{{ред}}Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.
{{Член|83}}
{{ред}}Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
{{ред}}Претседателот на Републиката ужива имунитет.
{{ред}}За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Северна Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
{{Член|84}}
{{ред}}Претседателот на Република Северна Македонија:
{{ред}}- го определува мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија;
{{ред}}- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Северна Македонија во странство;
{{ред}}- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
{{ред}}- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;
{{ред}}- предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија;
{{ред}}- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Северна Македонија;
{{ред}}- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
{{ред}}- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
{{ред}}- дава помилување во согласност со закон и
{{ред}}- врши други функции утврдени со Уставот.
{{Член|85}}
{{ред}}Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно.
{{ред}}Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.
{{Член|86}}
{{ред}}Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
{{ред}}Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. При именувањето на тројцата членови, претседателот ќе обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Северна Македонија.
{{ред}}Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.
{{Член|87}}
{{ред}}Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.
{{ред}}Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
{{ред}}Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.
====3. Влада на Република Северна Македонија====
{{Член|88}}
{{ред}}Владата на Република Северна Македонија е носител на извршната власт.
{{ред}}Своите права и должности Владата ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.
{{Член|89}}
{{ред}}Владата ја сочинуваат претседател и министри.
{{ред}}Претседателот и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието.
{{ред}}Претседателот ужива имунитет. За неговиот имунитет одлучува Собранието.
{{ред}}Претседателот и министрите не подлежат на обврска во вооружените сили.
{{ред}}Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.
{{ред}}Организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон.
{{Член|90}}
{{ред}}Претседателот на Република Северна Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
{{ред}}Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
{{ред}}Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|91}}
{{ред}}Владата на Република Северна Македонија:
{{ред}}- ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;
{{ред}}- предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;
{{ред}}- предлага просторен план на Републиката;
{{ред}}- предлага одлука за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување;
{{ред}}- донесува уредби и други прописи за извршување на законите;
{{ред}}- утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа;
{{ред}}- дава мислење за предлозите на закони и други прописи кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;
{{ред}}- одлучува за признавање на држави и влади;
{{ред}}- воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави;
{{ред}}- донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство;
{{ред}}- предлага именување амбасадори и пратеници на Република Северна Македонија во странство и именува шефови на конзуларни претставништва;
{{ред}}- предлага Јавен обвинител на Република Северна Македонија по претходно мислење од Советот на јавни обвинители;
{{ред}}- врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон и
{{ред}}- врши други работи утврдени со Уставот и со закон.
{{Член|92}}
{{ред}}Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието.
{{ред}}Собранието може да изгласа недоверба на Владата.
{{ред}}Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници.
{{ред}}Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.
{{ред}}Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.
{{Член|93}}
{{ред}}Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.
{{ред}}Владата има право да поднесе оставка.
{{ред}}Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.
{{ред}}На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.
{{ред}}Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.
{{Член|94}}
{{ред}}Член на Владата има право да поднесе оставка.
{{ред}}Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата.
{{ред}}За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.
{{ред}}Доколку претседателот на Владата предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.
{{Член|95}}
{{ред}}Државната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон.
{{ред}}Се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа.
{{ред}}Организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|96}}
{{ред}}Органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
{{Член|97}}
{{ред}}Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.
====4. Судство====
{{Член|98}}
{{ред}}Судската власт ја вршат судовите.
{{ред}}Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
{{ред}}Забранети се вонредни судови.
{{ред}}Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|99}}
{{ред}}Судијата се избира без ограничување на траењето на мандатот.
{{ред}}Судијата не може да биде преместен против својата волја.
{{ред}}На судијата му престанува судиската функција:
{{ред}}- ако тоа сам го побара;
{{ред}}- ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Судскиот совет на Република Северна Македонија;
{{ред}}- ако ги исполни условите за старосна пензија;
{{ред}}- ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца и
{{ред}}- ако е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога судиската функција мирува под услови утврдени со закон.
{{ред}}Судијата се разрешува:
{{ред}}- поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и
{{ред}}- поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон.
{{Член|100}}
{{ред}}Судиите уживаат имунитет.
{{ред}}Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.
{{ред}}Судија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Северна Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
{{ред}}Судиската функција е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција или професија утврдена со закон.
{{ред}}Се забранува политичко организирање и дејствување во судството.
{{Член|101}}
{{ред}}Врховниот суд на Република Северна Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.
{{Член|102}}
{{ред}}Расправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни.
{{ред}}Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон.
{{Член|103}}
{{ред}}Судот суди во совет.
{{ред}}Со закон се утврдува кога суди судија поединец.
{{ред}}Во судењето учествуваат и судии поротници кога тоа е утврдено со закон.
{{ред}}Судиите поротници не можат да бидат повикани на одговорност за мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.
{{Член|104}}
{{ред}}Судскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.
{{ред}}Советот го сочинуваат петнаесет члена.
{{ред}}По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и министерот за правда.
{{ред}}Осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
{{ред}}Тројца членови на Советот избира Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.
{{ред}}Двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Северна Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Северна Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.
{{ред}}Членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Северна Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Северна Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.
{{ред}}Мандатот на избраните членови на Советот трае шест години, со право на уште еден избор.
{{ред}}Условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.
{{ред}}Функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.
{{Член|105}}
{{ред}}Судскиот совет на Република Северна Македонија:
{{ред}}- ги избира и разрешува судиите и судиите поротници;
{{ред}}- утврдува престанок на судиската функција;
{{ред}}- ги избира и разрешува претседателите на судовите;
{{ред}}- ја следи и оценува работата на судиите;
{{ред}}- одлучува за дисциплинската одговорност на судиите;
{{ред}}- одлучува за одземање на имунитетот на судиите;
{{ред}}- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија од редот на судиите и
{{ред}}- врши други работи утврдени со закон.
{{ред}}При изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
{{ред}}Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Северна Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.
====5. Јавно обвинителство====
{{Член|106}}
{{ред}}Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.
{{ред}}Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
{{ред}}Функцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители.
{{ред}}Надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија за време од шест години со право на повторно именување.
{{ред}}Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители без ограничување на траење на мандатот.
{{ред}}При изборот на јавните обвинители ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
{{ред}}За разрешување на јавните обвинители одлучува Советот.
{{ред}}Надлежноста, составот и структурата на Советот, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.
{{ред}}Основите и постапката за престанок и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители се уредува со закон.
{{ред}}Функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија и јавен обвинител е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.
{{ред}}Се забранува политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство.
{{Член|107}}
{{ред}}Членот е избришан.
===IV. УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА===
{{Член|108}}
{{ред}}Уставниот суд на Република Северна Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.
{{Член|109}}
{{ред}}Уставниот суд го сочинуваат девет судии.
{{ред}}Собранието ги избира судиите на Уставниот суд. Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.
{{ред}}Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.
{{ред}}Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.
{{Член|110}}
{{ред}}Уставниот суд на Република Северна Македонија:
{{ред}}- одлучува за согласноста на законите со Уставот;
{{ред}}- одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
{{ред}}- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
{{ред}}- решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
{{ред}}- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
{{ред}}- одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
{{ред}}- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
{{ред}}- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.
{{Член|111}}
{{ред}}Функцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршење друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.
{{ред}}Судиите на Уставниот суд уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Уставниот суд.
{{ред}}Судиите на Уставниот суд не подлежат на обврска во вооружените сили.
{{ред}}На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд.
{{Член|112}}
{{ред}}Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот.
{{ред}}Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.
{{ред}}Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.
{{Член|113}}
{{ред}}Начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот.
===V. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА===
{{Член|114}}
{{ред}}На граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа.
{{ред}}Единици на локалната самоуправа се општините.
{{ред}}Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа.
{{ред}}Општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.
{{ред}}Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.
{{Член|115}}
{{ред}}Во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.
{{ред}}Општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината работа го врши Републиката.
{{ред}}Републиката со закон може да ѝ довери вршење на определени работи на општината.
{{Член|116}}
{{ред}}Територијалната поделба на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон.
{{Член|117}}
{{ред}}Градот Скопје е посебна единица на локална самоуправа, чија организација се уредува со закон.
{{ред}}Во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење за градот Скопје, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.
{{ред}}Градот Скопје се финансира од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.
{{ред}}Градот Скопје е самостоен во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на неговата работа ја врши Републиката.
{{ред}}Републиката со закон може да му довери вршење на определени работи на градот Скопје.
===VI. МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ===
{{Член|118}}
{{ред}}Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
{{Член|119}}
{{ред}}Меѓународните договори во името на Република Северна Македонија ги склучува претседателот на Република Северна Македонија.
{{ред}}Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Северна Македонија кога тоа е определено со закон.
{{Член|120}}
{{ред}}Предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.
{{ред}}Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.
{{Член|121}}
{{ред}}Одлука за стапување во членство или за истапување од членство во меѓународни организации донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.
===VII. ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКАТА, ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА===
{{Член|122}}
{{ред}}Вооружените сили на Република Северна Македонија го штитат територијалниот интегритет и независноста на Републиката.
{{ред}}Одбраната на Републиката се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{Член|123}}
{{ред}}Никој нема право да признае окупација на Република Северна Македонија или на нејзин дел.
{{Член|124}}
{{ред}}Воена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или ѝ е објавена војна.
{{ред}}Воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.
{{ред}}Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба ја донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
{{Член|125}}
{{ред}}Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.
{{ред}}Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.
{{ред}}Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.
{{ред}}Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
{{Член|126}}
{{ред}}При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.
{{ред}}Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.
{{Член|127}}
{{ред}}За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.
{{Член|128}}
{{ред}}Мандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба.
===VIII. ИЗМЕНА НА УСТАВОТ===
{{Член|129}}
{{ред}}Уставот на Република Северна Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.
{{Член|130}}
{{ред}}Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.
{{Член|131}}
{{ред}}Одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Нацртот за измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.
{{ред}}Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија.
{{ред}}Измената на Уставот ја прогласува Собранието.
===IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ===
{{Член|132}}
{{ред}}('''Член 132''' од Уставот на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)
{{ред}}Во времето предвидено во ставот 5 на член 80 од овој Устав се смета и времето на жителство во други републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
{{Член|133}}
{{ред}}('''Член 133''' од Уставот на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)
{{ред}}За спроведување на Уставот ќе се донесе уставен закон.
{{ред}}Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
{{ред}}Уставниот закон го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.
{{Член|134}}
{{ред}}('''Член 134''' од Уставот на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)
{{ред}}Членот не важи во Пречистен текст.
[[Категорија:Законска регулатива на Македонија]]
rupzkt7p3mo46f4srnjj9j9w2e1sryz
Корисник:James500
2
9526
22342
20393
2026-04-30T07:44:47Z
James500
3223
/* */ Remove template
22342
wikitext
text/x-wiki
{{#babel:en}}
[[en:User:James500]]
eu13so1xoub6xvcjld6yea9o5qsrodx