Wikisource
mkwikisource
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
MediaWiki 1.47.0-wmf.6
first-letter
Медиум
Специјална
Разговор
Корисник
Разговор со корисник
Wikisource
Разговор за Wikisource
Податотека
Разговор за податотека
МедијаВики
Разговор за МедијаВики
Предлошка
Разговор за предлошка
Помош
Разговор за помош
Категорија
Разговор за категорија
Автор
Разговор за автор
Page
Page talk
Index
Index talk
TimedText
TimedText talk
Модул
Разговор за модул
Event
Event talk
Мрзливио ќелеш и змијата
0
10224
22384
2026-06-12T13:39:52Z
Orce Wiki
3746
Создадена страница со: {{Заглавје |заглавје =Мрзливио ќелеш и змијата |глава = |претходна = |следна = |забелешки =Волшебна приказна. |автор = македонските народни приказни |текст= <poem> Една вдоица жена си имала еден син многу мрзлив. Мрсулите му течеле од носот, едно стај и в ус...
22384
wikitext
text/x-wiki
{{Заглавје
|заглавје =Мрзливио ќелеш и змијата
|глава =
|претходна =
|следна =
|забелешки =Волшебна приказна.
|автор = македонските народни приказни
|текст=
<poem>
Една вдоица жена си имала еден син многу мрзлив. Мрсулите му течеле од носот, едно стај и в уста му влегуале. Од пуста мрза што беше имал, не 'и поваќал да се осекни за да не му влегуаат в уста.
Од пустата мрза што имало не само мрсулао било, ами и ќелеш па било, од што не се чешлало и чистело. Таквоо бидејќи, беше се арнисало од работа и беше се курдисало крај огниште да си седи на едно столче со три нозе, со нозете во пепелта. Ако му даеше мајка му да јади ќе јади, ако не му даеше ич не јадеше. Дури бил татко му жив, одел на дрва, на два-три дни еднаш, чунки и тој не паѓал подолу од сина си во мрзата, и носел по некое тоарче дрва за да се греит пустио ќелеш што седел сè во огниште. За доброто на ќелешо умрел татко му и дури имало дрва носени од татко му гореле; откоа 'и догореле, останале без огон.
Гледајќи тоа нешто сирота дрварица, голема мака е идело и сеедно го карала и го учела сина е да стани од пустото столче и да оди на дрва, како што одел татко му, арно ама пустата мрза од ќелешо беше го опоала и не ја слушал мајка си.
Една вечер беше му се стегнала јако, шу да го прати на дрва, макар в планина да остани. За да го кандиса, го викнала комшијата и го молила да го земи сина е со себе, да му набери дрва, да му 'и тоари за прв пат за да се научи и после сам да си оди на дрва.
На тоа згора, кандисал ќелешо за да оди утрото на дрва со комшијата.
— Ете така, синко, да ја остаиш пустата мрза и да одиш на дрва, како што одеше татко ти, да еве и си втасан за женење, да ми те оженам и домаќин да те сторам, како што беше татко ти. Ете така, а чедо, земи си опинците, пригоди си и да ти се аз'р и утре коа ќе те викни комшијава, да одиш на дрва со него.
При сè што кандиса ќелешо да оди на дрва, ни опинци пригодуа, нити па магаре видуа. Виде-невиде сирота мајка, зела и сè му пригодила и аз'р му сторила. Легнала да спие и набрго, набрго се разбудила за да чуе коа ќе викне комшијата. Еле викнал комшијата и го кренала сина е со триста сили, та го качила на магаре и го испратила на дрва.
Одејќи в планина, му набрал дрва на ќелешо, му 'и тоарил и си потерал својте магариња, а на ќелешо му рекол и тој да си го тера своето магаре и да оди по него. Мрзлив бидејќи ќелешо, го остаил магарето на свој ќеф да оди, одело донегде, му 'и претоарило. Де море ал, ами сега кој ќе му ги тоари пустите дрва? Никој нема да му 'и тоара освен ќелешо сам да си и тоари. Арно ама пустата мрза, што беше го опојала, ич го остаала да 'и тоари дрвата! Си седнал на дрвата и си чекал да дојди комшијата, пак да му 'и тоари, демек од Бога алвица чекал. Арно ама комшијата силно си 'и терал магарињата за со ден да си оди дома.
Стоејќи ќелешо некој саат, два, туку беше довтасала една змија, со голема сила, да врви крај него и го добаила за врат, та му рекла:
— Зини, бре ќелеш, оти сега парчиња ќе те сторам.
На часо зинал ќелешо.
— Слушај вамо, ќелеш, сега ќе довтасаат илјада змии и ќе те видат овде, та ќе те прашаат за мене али си ме видел. Немој ти да ме кажиш оти ти знаиш: јас сум ти веќе в срце и парчиња ќе те напраам прво тебе, да после јас ќе загинам; а пак ако не ме кажиш, голем бакшиш ќе ти даам. Ете вака да сториш ќелеш, ако сакаш да си жив и зини сега арно.
Зинал што да можи ќелешо, и му влегла в уста.
Не би час, ете 'и илјади змии кај летаат како некој силен сокол. Од силно што трчале, силен вет'р вело по планината, а пак од свирењето на змиите, што е живо во планина беше се исплашило и на дно земи беше се искрило.
Едно беше го виделе ќелешо змиите и беше го опколиле, та го прашале за змијата:
— Не виде една змија, бре ќелеш, сега брго овде да пролета?
— Видов, видов една силна змија да лета, ама не овде, ами на онаа планина одлета, ја, ја, ја!
Кога чуја змиите лагата од ќелешо, трештија да трчаат уште со поголема сила за да ја втасаат и по малце време си излегла змијата од ќелешо и му благодарила задека ја скрил.
— Јас ти таксав еден голем бакшиш да ти даам ако ме скриеш и браос да ти е што ме скри. Зини сега и потскрени си јазико да ти плукнам под јазик.
Зина ќелешо и му плукна.
— Од ова плунка што ти плукнав под јазик, ти ќе имаш дарба: што да намислиш и да речиш, тоа ќе ти се стори. Седи со здравје, ќелеш, и ако дојдат змиите пак да те прашаат, излажи и за некоја друга планина.
Секоа си отиде змијата, остана замајан ќелешо од пустиот страв на змиите. Стоејќи му текнало да рече ќелешо:
— Ако е вистина што ми рече змијата, е ај нека се напраит еден чардак и на чардак да седам јас, магарето со дрвава и веднаш да ме носи дома.
И на часо беше се напраил еден чардак и на чардако седнат ќелешо, со магарето крај сараите од царо, ја видел ќелешо кај стојала ќерка му од царо. Бидејќи многу лична, му коптисало да речи:
— Цареа ќерка да роди едно машко дете од мене.
На часо зачнала цареа ќерка. Си дошол дома ќелешо и си 'и супраила мајка му дрвата. Ќелешо пак си седна во пепелта и уште еднаш не му текна да оди на дрва, од пустата мрза што имал и од страо на змиите. Бре, колку го молела мајка му и што не го лажела за да го прати на дрва, не би чаре уште еднаш да појди, а пак не му текнуало да речи нешто од што имаше дарбата од змијата, така каскатин беше се сплул во пепелта од пустата мрза.
Остануајќи тешка цареа ќерка од негоото велење, на деветте месеци си родила едно машко дете. Коа се научил царо, голема мака му паднало задека роди ќерка му. Бре, ја стега, бре, ја мачи да кажи од кого е, никако не му зел зборо да речи: од онцица сум останала тешка, чунки не си знаела сиротата оти е од ќелешо останата тешка и да му кажи на татка е оти била од ќелешо.
На тоа згора, бидејќи бил многу оскорбен царо, дал една заповед да се зберат што е машко во еден мегдан и да врват пред цареа ќерка кај што ќе стоела со детето в раце за да врла со позлаќено јаболко на тој што му е татко.
Се собрале мало, големо и сите беа изврвеле пред цареа ќерка, на никого не беше врлило детето со позлаќено јаболко. Кога виде царо оти не врли на ниеднего, пратил луѓе да одат од куќа на куќа и што кe најдат машко неизлезено, да го донесат да помини пред цареа ќерка. Во ниедна куќа не нашле машко неизлезено отколку у дрварицата ќелешо. При сè што не му вакало умо на луѓето за ќелешо да бил при цареа ќерка, па го зеле и го однесле кај царо, та го натерале да помини пред цареа ќерка и бир баш го удрило детето со јаболкото по глаа. До трипати го наврвеле пред цареа ќерка и тритепати го удрило детето. Тогај се уверил царо оти од ќелешо била ќерка му тешка, та од големата лутина ја затворил неа со детето во една бочва и сосе ќелешо, та 'и врлил в море да се удаат.
Кога се најде цареа ќерка со ќелешо во бочвата, го прашала од кај дошол при неа и да роди дете.
— Од кај ме виде, бре ќелеш — му рекла — што да родам дете од тебе и сега да се давам со тебе в море?
— Кога си идев од планина на чардак качен, те видов на пенџере и тогај реков да останиш тешка со едно машко дете. Ете тогај сум те видел.
Коа 'и чу тие зборои цареа ќерка, је притекна за да има нешто во ќелешо, што само со едно велење да остани тешка и му рекла:
— Е арно, бре ќелеш, си рекол тогај да останам тешка и ти поминал зборо, ами кој ти рече така да велиш и да ти се слуша зборо?
— Да ти кажам, цареа ќерко, кој ми рече и така ме потсети — је рокол. — Ме прати мајка на дрва со комшијата и идејќи од дрва ми претоари магарето и стоејќи до дрвата довтаса една змија и ми рече да зинам за да ја скријам в срце, чунки ја бркале илјада змии. Откоа ја скрив в срце и ја куртулисав, ми плукна под јазик и ми рече: „Ти, ќелеш, ќе имаш дарба: што ќе намислиш, сè да ти биди", велејќи во името на змијата да ми дојди ова и она. Откоа ми рече змијата така и ми плукна под јазик, си отиде и јас си останав до растоарените дрва да чекам комшијата да се врати и да ми тоари. Откоа видов оти нема да се врати, ми текна да речам во името на змијата да се најдам на еден чардак сосе дрва и магаре и да ме однеси чардако дома. Веднаш се напраи чардак и тргна чардако да ме носи дома; врвејќи пред сарајо царцки, те видов тебе и те бендисав, та реков да родиш едно дете машко. Ете, од тоа велење, девојко, ако си родила дете од мене можи, а инаку не сум те ни сонуал, а не да сум те видел јас тебе.
Откоа го ислушала царцката ќерка ќелешо, заверувала за сè што е кажал, чунки го гледала оти било многу прост и му рекла:
— Е, кога така било, ај речи во името на змијата да излезиме од морето на суо.
— Во името на змијата да излезиме од морево на cyo.
И веднаш беше излегле.
Коа виде тоа чудо цареа ќерка, многу се изра-дуала и му рекла:
— Речи сега, бре ќелеш, во името на змијата да не си ќелеш и да си прв умен и разумен на веков и да нема на веков поличен од тебе и од мене.
— Во името на змијата, да сум умен и разумен и да сум најличен јас и цареата ќерка.
И веднаш така беше се сторил: здрав, умен и разумен, личен, што да нема уште едно момче на веков; така се разубаила и цареа ќерка.
Откоа се виде ќелешо здрав, умен и разумен, веќе не требало да го учи цареа ќерка, ами сам знаеше како да вели и што да сака да му се напраи во името на змијата.
Рекол да се напраат едни сараи, стопати поарни од царцкио сарај. Рекол да се напраи еден так'м во сараите, сто катои поубав од так'мо на царо, сè од стребро и од злато, нареден со бисери и бесценети камење. Рекол да се напраат едни чудни азбавчиња и ѓулбавчиња, насадени со најлични цвеќиња, сè со лисје позлаќени. Тие миризби дури тажноина да му падни на чоек кога да 'и мириса! Рече да изникнат едни лозници, наредени на скелиња, што 'и покриваа сите дворои, со тоа грозје уздреано, турли-бе-турли, пупулигои, темјанушки и друзи чешити грозје, што не беше видело око чоечко дотогај.
Откоа уреди ќелешо сè што му текнало, се венча со цареа ќерка и си ја зеде за невеста.
По некој ден стануајќи царо порано, се качил на највисоката одаја и зел дуљбијата в рака, та погледал по море за да види дали се носи бочвата на море со ќерка му и ќелешо. Откоа разгледа насекаде, нигде не беше ја видел, и тогај веќе поверуал оти се удаиле. При сè што беше многу лут и насрден на ќерка си, пак му се нажалило и си поплака за ќерка си.
Во истото време беше огреало сонцето и беше му блеснало сараите од зета си од преку море. На часо беше свртел дулбијата прао во сараите и кога видел, на големо чудо беше станал:
— Бре, од кај никна оној пусти сарај, преку море? Досега немало, еве јас набрго кај сум гледал по море со дулбијата и не сум видел сарај. Сега гледам чуден и пречуден сарај! Ако е навистина, за големо чудо ќе бидит! Да ми се престоруа, како на сон да гледам, не веруам да ми се престоруа. Вистина треба да се сараи и друго ништо!
На тоа згора прати чоадари да видат какви сараи сет и кој 'и напраи. Отидоа чоадари и откоа видоа тој чуден сарај со тие убаиње, дошле кај царот и му расказале сè како што било.
Коа чул царо од чоадарите за чуднио сарај, станал и отишол дури тамо да го види со својте очи и после поверуа.
Зел со себе голема табабија и отишол да го види сарајо. Кога се приближил до сарајо, што да види, брате: чудна чудесија, што ни на соно не беше сонуал царо, таквие сараи и уредби беше видел; страм му било да влези во сарајо и да се кажи оти е цар, арно ама па сакал да види и сарајо и кој е тој што го напраил.
Приближувајќи се царо до портите, од сарајо излегоа едночудо измеќари и измеќарки, сè во срма облечени, да го пречекаат царо.
— Еј домаќине, ете ни го татко што не затвори во бочвата и не врли во морето да се удаиме, мисли сега што да му напраиме — му рекла.
— Трај си ти, домаќинко, јас што ќе му напраам, и тој ќе се зачуди! — је рекол ќелешо и излегол на врата, та го пречекал и го курдисал во најарната одаја.
Кога се најде во тие сараи царо, се чудил и многу се устрамил дека немал тој таков сарај. Откоа 'и почестил келешо со по една ракија и кафе, го повел царот со тебабијата да му покажи сите убаиње што имало во сарајо. Шетал и се чудил царот, шетал и се чудил, дури умо му кајдисал; не можел да се начуди на тие убаиње што имало во сарајо. Откоа извидел царо сараите, посакал да си оди, арно туку ќелешо го текливил да седи на вечера на гости, и така дошол.
Кандисал царо и му останал на вечера, со сета тебабија. Седнуајќи на столои, дошол еден позлаќен ибрик и леен да му потура да си мијат раце и сама крпата му се подаала од раце на раце да се бришат, чунки така беше рекол ќелешот во името на змијата.
Се ставила софрата, да донесле турли-бе-турли ракии и мезиња; се донесле турли-бе-турли манџи и кога дошло редо да се тури, зел грнето в рака сам ќелешо и почнал тој да му тура вино со позлаќени чаши, та пред секого му клавал и му рекол:
— Слушај вамо, честити царе и вие сите пријатели, пред секого ви кладов по една чаша позлаќена и од секого ќе ја барам кога ќе се крева софрата. Гледајте арно да не загине некоја, оти после џуап ќе ми давате, немој некому ат'р да му остани за ова што ви го велам, оти у мене тој адет го има, дали арно, али лошо е моја работа е таа!
Кога чул царо тоа нешто, и се гибнал и не, чунки имаше мнозина од тебабијата и можи некој да се изложи и да укради некоја чаша.
Јале, пиле и се веселиле и тамам на станување си рекол со умо ќелешо: „Во името на змијата да му влези чашата во гаќите од царо.“ И му влегла, без да сети царо. Тамам да се крени трпезата и почнал ќелешо да му 'и зема од секого чашите и најпосле дошол до царо. Кога виде пред себе царо да му ја даит чашата — нема чаша!
— Бре, аман, што се стори чашата? — вели царо.
— Честити царе — му рекол ќелешо — јас сите со ред ќе ве барам за чашата, ат'р да не ви остани.
— Пеки, пријателе — му рекол царо — прво мене ако сакаш барај ме и ич ат'р не ми остануа.
На тоа згора го барал ќелешо царо и му ја нашол чашата в гаќи.
Се устрамил царо многу и ватил да му се колни оти абер немал како му влегла чашата в гаќи.
— Веруам, честити царе, оти ти абер немаш кога ти влезе чашата в гаќи, како што остана ќерка ти тешка. Еве јас сум ќелешо, честити царе, и еве 'а ќерка ти со машкото и дете, што не затвори во бочвата и не врли в море!
Кога чу царо тие зборои од ќелешо, му падна на коленици и му сакаше проштење задека му стори тоа. Ја грабнал ќерка си и со плачење си ја избакнал и проштење е сакал и се собрале на едно место: да царуат и да господаруаат, можи до ден-денеска.
Си викнал ќелешо и мајка си, и да живеит и таа покрај сина е. Откога умрел царо, се воцарил ќелешо и си станал на столот.
Ете како на слепото пиле Господ седело му праи.
</poem>
}}
{{ЈС-непознат}}
[[Категорија:Македонски народни приказни]]
[[Категорија:Народни приказни собрани од Марко Цепенков]]
myh6xxdejqw3qtyc7lec827lw10nznz